Откако погоди за денешниот снег, Славчо Попоски со ново предупредување – еве кога ќе има нови врнежи снег

Метео анализа на Славчо Попоски.
Под влијание на ладен и влажен бран од север, повторно во текот на утрешното попладне (вторник 18 февруари), и ноќта кон среда (19 февруари) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од снег со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет.
Снежната покривка на повисоките места, планините и на Скијачките центри ќе се зголеми и дополнително ќе се прошири, а мала снежна покривка ќе се формира и во градовите.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен во Повардарието (до околу или над 60 км/час).
И во Скопскиот регион утре (18 февруари вторник) попладне и ноќта кон среда ќе има послаби врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината до околу 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени., Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 5 степени. Да напоменам дека во доцните поопладневни часови и ноќта кон среда ќе имаме понатамошно дополнително заладување на времето.
фото пекселс
Под влијание на Руски поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.
Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови.