Откако погоди кога ќе има снег, повторно се огласи Славчо Попоски – ова никој не го очекуваше
Метео-прогнозерот Славчо Попоски познат по своите анализи за временските прилики и неприлики со најнова метео анализа.
Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.
Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.
Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните и во утринските часови.
Славчо Попоски има голем број на фанови во Македонија, но веројатно поради тоа, има и одреден број на луѓе кои се негови хејтери.
Откако најавуваше дека ќе има голема количина снег низ државата, сето тоа од многумина наидуваше на потсмев, а работата отишла и подалеку, поради тоа што Славчо добил голем број на навреди на негова адреса.
Вечерва тој се огласи преку социјалните мрежи и порача:
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА: Сите вие знаете дека пред скоро време бев вознемируван и навредуван со најпогрдните зборови што може да постојат, јас само да ве информирам дека нема да помине така, односно, по сите големи Христијански празници, односно по Водици сите тие навреди упатени кон мене ќе одат на адвокат, по што ќе следат понатамошни судски постапки! Ви благодарам за разбирањето почитувани мои!