ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Синот на Шабан си го одзеде животот, пријателите го нашле сред соба!
Откако „кралот на народната музика“, Шабан Шаулиќ пред 5 години трагично го изгуби животот, се дозна дека наводно неговиот вонбрачен син кој никогаш не го запознал, се убил пукајќи си во глава, а сето тоа го открил неговиот пријател од Америка – пишуваат српските медиуми.
– Сакам да ви раскажам што слушнав. Александар живеел во Колорадо, а неговата мајка Ана била во кратка врска со Шабан Шаулиќ. Таа добила дете кое сама го одгледувала, додека не се омажила за еден добар човек. Александар подоцна го зел презимето на својот очув Милер.
Неговата мајка се доверила на мојата жена дека всушност тој е дете на Шабан, но дека таа со пејачот повеќе никогаш не се слушнала, ниту го видела. Не сакала ниту да му каже на Шабан дека има син. Дури откако мајка му починала, Александар дознал кој му е вистински татко, но никогаш немал желба да го пронајде.
„Никој не знаеше дека има оружје. Тој важеше за добар човек. Беше пронајден во локва крв, како лежи на средина од дневната соба. Никогаш не се ожени и немаше деца. Ја загуби мајка си од мозочен удар и тоа многу тешко му падна, додека неговиот очув е сè уште жив.
Живееше мирно и пристојно, и никој не знае зошто се уби пукајќи си во глава. Го нашле среде соба во локва крв. Се зборува дека боледувал од некоја болест, поради што кренал рака на себе. По неговата смрт пронајдовме писмо кое го напишал на татко му, но никогаш не го испратил. Ние сме неизмерно тажни поради губењето на добар човек и пријател – раскажал изворот.