Реклама
Вести

OГРОМНА ТАГА – почина една од најголемите пејачки на сите времиња

Реклама

Пејачката почина на 88-годишна возраст

Роберта Флек, американска пејачка и сопственичка на голем број хитови меѓу кои и најпознатата „Killing Me Softly With His Song“, почина на 88-годишна возраст.

Маркетинг

– Потресени од веста дека прекрасната Роберта Флек почина утрово, на 24 февруари 2025 година – се вели во соопштението на нејзиниот портпарол.

– Почина мирно, опкружена со семејството. Роберта ги помести границите и собори рекорди. Таа беше и горда воспитувачка – се наведува во публикацијата.

Маркетинг

Класично образованата пејачка и пијанистка направила голем пробив откако Клинт Иствуд ја вклучил нејзината верзија на песната „The First Time Ever I Saw Your Face“ во неговиот дебитантски филм „Play Misty for Me“ од 1971. Песната станала хит број еден во САД, а две години подоцна Флек го повторила овој успех со „Killing Me Softly“. За двете песни беше наградена со Греми за најдобра снимка.

Вкупно, Флек имаше шест топ-10 поп хита и десет аренби песни меѓу најдобрите десет, некои од нив снимени заедно со пејачот Дени Хатавеј.

Иако нејзините хитови секнаа на крајот на 1970-тите, Флек продолжи да снима албуми, од кои последниот излезе во 2012. Флек имаше 13 номинации за Греми, а последен пат беше наградена во 1995.

Флек се смета за еден од најголемите соул и R&B уметници на сите времиња.

Флек е родена во 1937 година во Блек Маунт, Северна Каролина, во музичко семејство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button