ОГРОМНА ТАГА – на 33 години почина позната актерка

Американската актерка Кели Мек, позната по улогата во постапокалиптичната зомби драма „The Walking Dead“, почина на 33-годишна возраст.
Мек јавно ја објави својата дијагноза во септември 2024 година. Првите симптоми што ја загрижуваа беа силна болка во долниот дел од грбот, чешање и постепено влошување на нејзината невролошка состојба. По итен МРИ преглед, беше откриена абнормална маса на нејзиниот ‘рбет, и конечно ѝ беше дијагностициран дифузен глиом на средната линија, една од најагресивните форми на рак што го зафаќа мозокот или ‘рбетниот мозок.
И покрај терапиите што ги претрпе, болеста напредуваше брзо. Операцијата за биопсија ја остави без целосна употреба на десната нога и поголемиот дел од левата, поради што беше врзана за инвалидска количка. Сепак, до последните денови, таа споделуваше пораки на надеж и им се заблагодаруваше на семејството и пријателите за нивната поддршка, верувајќи дека оваа болест е само кратко поглавје во долгото животно патување.
Мек дипломирала на Филмскиот колеџ Доџ на Универзитетот Чепмен во 2014 година со диплома по филмска режија.
Таа е најпозната по своите улоги во телевизиски серии, како што се Ада во 9-та сезона на „Живите мртовци“ и Пенелопе Џејкобс во 8-та сезона на „Чикаго Мед“, како и серијата на Фокс „9-1-1“.
Мек работеше и како сценарист со нејзината мајка, Кристен.
„Нејзиното наследство ќе живее преку нејзините придонеси во филмот и телевизијата и во срцата на оние што ја сакаа. Засекогаш ќе ни недостига нејзиниот талент, љубезност и дух“, се вели во соопштението на семејството.