Бизнис

Одлични вести за пензионерите! Одобрено зголемување на пензиите во Германија

Advertisement

Од 1 јули 2025 година, пензиите во Германија ќе бидат зголемени за 3,74 проценти, по растот на платите во земјата. Ова зголемување е официјално одобрено од Германскиот федерален совет и следува по претходно усвоената одлука на Владата.

Пензионерите ќе добиjaт писмо од средината на јуни до крајот на јули со точниот износ на нивното зголемување. Вкупно, просечниот пензионер со 45 години стаж и просечна плата може да смета на дополнителни 66 евра месечно.

Advertisement

Вредноста на пензискиот поен се зголемува од 39,32 на 40,79 евра, што директно влијае на износот на пензиите.

Лице кое работело 45 години и заработувало целосен пензиски поен секоја година ќе добива вкупно 1.835,55 евра бруто месечно.

По одбивањето на придонесите за здравствено осигурување и осигурување за долгорочна нега, остануваат околу 1.621 евра нето, а некои пензии сè уште подлежат на оданочување.

Advertisement

Проценките за Германија сугерираат дека за да се избегне сиромаштијата во староста, потребни се помеѓу 1.464 и 2.100 евра месечно, во зависност од регионот и трошоците за живот. Според овие бројки, „стандардната“ германска пензија ја покрива долната граница на она што е потребно за нормален живот.

Иако јавноста често го нагласува износот на целосна пензија по 45 години стаж, вистинските износи што ги добиваат пензионерите се значително пониски. Според официјалните податоци од германското пензиско осигурување, во 2023 година, мажите добивале просечно 1.348 евра старосна пензија, додека жените добивале само 908 евра. Во исто време, пресметаната стандардна пензија била 1.692 евра бруто. Со други зборови, просечниот маж добива околу 340 евра помалку од стандардната пензија, додека за жените разликата е дури 784 евра. Причините се бројни, од паузи во службата, работа со скратено работно време, до подолги периоди на невработеност или грижа за деца.

Пензиите се зголемуваат првенствено поради зголемувањето на платите – според официјалната статистика, зголемувањето на платите релевантно за пресметка на пензиите изнесувало 3,69 проценти.

Хајл рече дека зголемувањето на пензиите е „добра вест за пензионерите“. Благодарение на добриот развој на платите, прилагодувањата на пензиите ја зајакнуваат куповната моќ на пензионерите.

Зголемувањето се однесува на 21 милион пензионери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button