Реклама
Вести

Од утре снег ќе трупа на овие места во Македонија

Реклама

Македонија и ова утро е окована во студ, а има и појава на магла по одделни котлини. За разлика од студеното утро, преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во источните делови, со слаб променлив ветер.

Минималната температура денеска ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната од 3 до 11 степени.

Маркетинг

Според УХМР, наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Маркетинг

Максималната температура во котлините со магла ќе биде во интервал од -3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до 10 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, во поголем дел од денот ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста. Температурата ќе биде до 2 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

– Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди.

По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, известуваат од УХМР.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button