Реклама
ВестиВирално

ОД поканети 35 дечиња, не дошол никој на роденденот на ќерката на Стефанија (5), цела земја плаче поради реакцијата на детето: „Беше понижувачки и срамно…“

Реклама

Од 35 деца кои добија покани да го прослават петтиoт роденден, десет веднаш откажаа присуство. Среќна што толку многу другарчиња ќе дојдат од градинка, девојчето радосно ги чекаше гостите во игротеката.

Како што одминуваше времето, ниту едно од 25-те деца не се појави. Додека мајката била тажна, сопственикот на игротеката смислувал начини како да го забавува девојчето, кое имала само едно прашање – зошто никој не дошол на нејзниот роденден?

Во една игротека во Кортона, Италија, беше организирана забава за петтиот роденден на едно девојче, на кое ниту еден од 35-те поканети другарчиња не дошол. За жал, никој не се појави на прославата, поради што мајката на детето се огласи на социјалните мрежи. Покрај неа, за медиумите зборуваше и сопственикот на игротеката во која се одржуваше роденденот.

Маркетинг

Чиро Лофредо, сопственикот на детското игралиште „Хајд Парк“, се присети на непријатното попладне што го растажи девојчето: „Прославата беше подготвена до најситниот детал – машина за пуканки, бонбони од памук, големи гумени лизгалки. За десет дечиња знаевме дека нема да дојдат, но залудно ги чекавме останатите. Родителите се обидоа да добијат одговори, но никој не се удостои да го објасни отсуството“.

Маркетинг

Девојчето, иако разочарана, не заплака. „Таа само праша зошто не доаѓаат другарчињата“, рече Лофредо и додаде дека се обиделе да ја расположат со импровизирана забава само за неа, но во игротеката немало деца на нејзина возраст.”

Мајката Стефанија во својата објава не ја криеше огорченоста: „Беше понижувачки и срамно. Ти мое храбро девојче не плачеше. Секогаш имаше насмевка и гледаше кон вратата. Ми покажа колку си силна. Нејзините зборови ги поделија корисниците на социјалните мрежи, додека сопственикот на игралиштето додаде: „Ова не е вина на децата, туку на родителите. Децата секако би дошле да си играат“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button