Очи в очи со папата Лав – отец Пимен на срдечна средба која ќе ве растопи (фото)
На фотографијата се гледа како владиката Пимен и новиот папа се ракуваат, гледајќи се пријателкси, право в очи.

Владика на МПЦ – ОА, митрополит на европската епархија, Пимен, како што самиот наведе во објава на неговата фејсбук-страница, се сретал со новиот папа Лав Четиринаесетти.

– Се видовме, да не се секирате, објави владиката Пимен на Фејсбук.
На фотографијата се гледа како владиката Пимен и новиот папа се ракуваат, гледајќи се пријателкси, право в очи.
Објавата молскавично собра над 2 000 лајкови, со што отец Пимен повторно ја потврди својата популарност меѓу граѓаните (во случајов, корисниците на Фејсбук).
Потсетуваме, помеѓу Ресен и Малме каде што му е седиштето на митрополтот европски Пимен, тој го одбира својот роден град, но не е поборник на она „туѓината пуста да остане„ бидејќи така тој би останал без работа. Така објасни отец Пимен во емисијата Нешто конкретно, неодамна. Што друго објасни, а веруваме дека ќе ве интересира, прочитајте во написот на гламур.мк – ТУКА.