Вести

Очевидец: Викаше на цел глас, но никој не ја слушна – Нови детали за девојката која загина во Будва

Advertisement

Во црногорскиот град Будва вчера се случи трагична несреќа во која животот го загуби 19-годишната Т.Р. од Нови Сад, за време на парасејлинг.

Според првичните резултати од истрагата, девојката самата се одврзала од опремата и скокнала во морето од височина од околу 50 метри, при што трагично загинала.

Advertisement

Очевидци велат дека на почетокот се изгледало нормално.

– Се чинеше дека е во ред. Тие и објаснија како функционира падобранството, како да седи, како да се однесува во воздухот. Таа не покажа никаков страв, рече дека се е во ред и дека нема никакви проблеми. Меѓутоа, кога дошло време да заврши летот, сведоците велат дека почнала да паничи и да вика, односно се исплашила – изјавил вработен во друга агенција за спортови на вода од Будва за српски Ало.

Според неговите зборови, капетанот на бродот веднаш почнал да ја спушта висината на падобранот, обидувајќи се да ја врати безбедно на водата.

Advertisement

-Велат дека на цел глас викала „Спушти ме, спушти ме!“. Но, капетанот на бродот, кој управувал со бродот, не можел да го слушне тоа, бидејќи не можел да го слушне нејзиниот глас поради бучавата на моторот. Немаше време да и објасни дека веќе ја спуштаат затоа што е крај и дека наскоро ќе биде на вода – додава соговорникот.

На видеото од камерата поставена на падобранот, се гледа како девојката во еден момент ги одврзува појасите, ја вади заштитната опрема, се врти и се обидува да ги извади нозете од седиштето. Во моментот кога веќе ја пуштила едната нога, паѓа во водата од голема височина.

Мирко Крџиќ, сопственик на агенцијата за парасејлинг, изјави дека несреќата се случила додека девојката снимала промотивно видео за да се претстави оваа туристичка активност во пресрет на летната сезона.

„Станува збор за несреќен случај, чии последици се веќе познати. Со голема жал, морам да кажам дека се случи огромна трагедија. Не смеам да давам многу изјави бидејќи и самиот сум под истрага од страна на обвинителството. Но, можам да потврдам дека немаше никакви знаци на страв кај девојката, таа помина низ потребната обука и потоа се случи трагедијата. Не знам што точно се случило, бидејќи оригиналната снимка е одземена од полицијата, па не знам што точно зборувала пред падот“, изјави Крџиќ за „Блиц“.

Тој додаде дека случајот сè уште е предмет на истрага, но потврди дека Т.Р. ги поминала сите предвидени процедури и не покажувала страв од висина. „Не беше под дејство на алкохол. Искрено ми е многу жал што се случи оваа трагедија“, рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button