Реклама
Вести

Oд утре поскапуваат овие прехрабени производи во маркетите

Реклама

Редот во нелојалната конкурецнија и неоправдано високите цени, според Министерството за економија ќе се стави преку носењето на законот за нефер трговски практики, кој треба да доведе токму до намалување на цените на производите.

Законското решение минатата недела го мина првиот собраниски филтер, но засега нова седница за него не е закажана. Мерката, која беше воведена лани во септември, со цел заштита на стандардот на граѓаните, истекува на 29-ти месецов. Но останува отворено прашањето дали законот ќе биде донесен до завршување на мерката, со цел да нема нов скок на цените на храната.

„Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи.“ – Министерство за економија.

Маркетинг

Гаранција дека цените нема да одат нагоре, откако ќе се укине мерката, па се до носењето на законското решение, не може да даде никој, оценуваат екпертите. Благица Петрески од Фајненс тинк вели се зависи од побарувачката и понудата. Дополнително смета дека владините мерки, како што се субвенционирањето на струјата и замрзнувањето на цените полека треба да приврушуваат, а токму ова го покажува и последната анализа на Фајнес тинк.

Маркетинг

Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре.

Одлуката се однесуваше на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;

мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни. Тој повика да реагираат Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачи и повтори дека најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики.

-Замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува на бизнисмените да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од заутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цените коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика, соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, изјави Битиќи.

Министерството за економија веќе се изјасни дека нема да биде продолжена мерката за гарантирана цена. Очекува со законот за нефер трговски практики, што по скратена постапка е во собраниска процедура и ја помина првата фаза во комисиите, да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button