Бизнис

Ново поскапување на дизелот од полноќ

Advertisement

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 76, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78 денари за литар.

Advertisement

Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 3,305 отсто, кај дизелот за 8,111, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039 отсто

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button