![](/wp-content/uploads/2025/02/pari_220106-1024x768-1-1-780x470.jpg)
Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата Аптив, која вработува околу 500 луѓе заминува од земјава а своето производство ќе го продолжи во Полска и Португалија.
Џонсон Мети пак најавува намалување на бројот на вработени. Неколку пати до сега предупредувања пристигаа и од советот за странски инвестиции дека економската состојбата во Германија ќе влијае и врз работата на компаниите во земјава.
Премиерот Мицкоски вели бил запознат со проблемот со странските компании во земјава, но вели дека очекува до крајот на годината да дојдат нови инвеститори во земјава и вели дека е загрижен дека нема да има доволно работна сила.
Ирско-американската компанија „Аптив“, која од 2016 година работеше во ТИРЗ Бунарџик кај Скопје со околу 500 вработени, одлучи да го затвори својот погон во Македонија и да го пресели производството во Полска и Португалија.
Како што открива 24инфо.мк по тие патеки тргна и фабриката за автомобилски делови Дура Аутомотив.
Од први февруари фабриката ги отпушти вработените, а деновиве задржани се мал дел од администрација кои треба да ги завршат формалностите околу затворањето.
Дура Аутомотив Системс потпиша договор со Владата во 2018 година и во неа работеа над 500 лица.
Покрај затворањето на Аптив и Дура Аутомотив, фабриката „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, најави намалување на бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.