Во сообраќајка кај тунелот во Демир Капија починал маж од Скопје.
-На 11.11.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман” со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од село Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.
На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во информацијата од МВР.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .