Реклама
Вести

Нова трагедија ја потресе Македонија – Почина петгодишно дете на Детската клиника

Реклама

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега.

Била направена и интубација, но и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит.

Маркетинг

Завчера е констатирана смрт.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button