НЕВЕСТАТА ПОЧИНА НА ДЕНОТ НА СВАДБАТА ВО TEШКА НЕСРЕЌА Нејзините последни зборови го кинат срцето
Арик Хачинсон, сопругот на младата Саманта Милер која загина во трагична несреќа со пијан возач на денот на нивната венчавка, даде емотивно сведоштво за време на судењето.
Во април 2023 година, Саманта и Арик уживаа во својот посебен ден и се возеле во кола за голф, кога Џејми Ли Комороски (26), која возела под дејство на алкохол, удрил во нивното возило со 65 милји на час во зона каде што дозволувале само 25. Саманта починала на лице место, сè уште облечена во венчаницата, додека Арик бил тешко повреден.
Возачот на автомобилот Џејми Ли Комороски (25) имала алкохол во крвта три пати повеќе од дозволената граница за возење.
Поранешната келнерка во ресторанот наводно била толку пијана за време на несреќата што била збунета, велејќи им на полицајците „Нешто ме удри одеднаш“ и „Не направив ништо лошо“. Според полицискиот извештај, таа признала дека испила два пијалаци, пиво и текила, еден час пред несреќата.
Парот од венчавката се возеле во количка за голф, а младенците беа придружувани од двајца роднини на младоженецот. По ударот возилото било фрлено 90 метри и неколку пати се превртело.
Саманта била прогласена за мртва на местото на настанот, сè уште носејќи ја својата бела венчаница. Нејзиниот 36-годишен сопруг Арик Хачинсон е пренесен во болница со повреда на мозокот и повеќекратни скршеници.
На судот во Чарлстон, Јужна Каролина, Арик низ солзи рече:
„Посакувам и јас да заминев таа вечер, па таа не мораше да оди сама. Немам радост, немам страст, заглавен сум во пеколот. Мислам на последните моменти во количката за голф кога ми рече дека не сака оваа ноќ да заврши. Ја бакнав во чело и тоа е последното нешто на што се сеќавам“.
Комороски се изјасни за виновен за убиство од небрежност и возење под дејство што резултирало со смрт. Таа е осудена на 25 години затвор, со дополнителни казни кои треба да се издржуваат истовремено. Таа изрази каење на суд:
„Длабоко се срамам од моите одлуки и ќе го искористам времето за да се подобрам.
Случајот привлече дополнително внимание кога беше откриено дека Комороски, за време на интервју од затвор, зборувала за плановите да го живее својот „најдобар живот“ по две години, што го налутило семејството Хачинсон.
Арик поднесе тужба и против неколку локали каде Комороски пред несреќата конзумирала алкохол, обвинувајќи ги за несовесно послужување алкохол, што довело до трагедија која ги уништила животите на семејствата од двете страни.