НЕВЕРОЈАТЕН ДОГОВОР Жена дала отказ, а сега и плаќаат 8.437 евра месечно

Судот за труд одлучи дека јавниот радиодифузен сервис Рандфунк Берлин-Бранденбург (РББ) мора да и плати на поранешната програмска директорка Клаудија повеќе од 500.000 евра, пренесува Велт.
Оваа одлука се однесува на заостанатите исплати кои претходно беа привремено прекинати, а Нотел ќе продолжи да добива месечна пензија од 8.437 евра до официјалното пензионирање во целосна пензија, без оглед на тоа што претходно добивала отпремнина.
Клаудија Нотел беше програмски директор на РББ од 2009 до 2016 година, кога ја напушти функцијата на сопствено барање. Според нејзиниот договор, таа имала право на месечна исплата на пензија додека не ја достигне целосната пензија.
Судот утврди дека суспендираните плаќања, кои беа стопирани на крајот на 2023 година, се незаконски и го одби барањето на РББ да ги врати веќе уплатените средства.
Телевизијата целосно го загуби судскиот спор“, изјави портпаролката на судот, нагласувајќи дека Нотел се уште има право на целосна пензија согласно условите од стариот договор, без оглед на престанокот на работниот однос.
Предметот на спорот се однесуваше на вкупната сума од 503.690 евра, вклучувајќи ги и неплатените суми што беа замрзнати од новото раководство на РББ по отпуштањето на Патриша Шленингер во август 2022 година.
Новото раководство се обиде да ги преиспита сите претходни договори и да ги суспендира плаќањата, но обидот да се договори со Клаудија Нотел пропадна, што кулминираше со правен спор.
По напуштањето на телевизијата, Клаудија Нотел ја продолжи кариерата во образованието, а од 2017 година работи како професор на Факултетот за телевизиско новинарство на Универзитетот Магдебург-Штендал, пренесува Дневно.