Вести

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Снегот пак се враќа – температурите ќе паднат до минус 5

Advertisement

УХМР за денеска најавува дека се враќаат дождот и снегот во Македонија.

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.

Advertisement

Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

пекселс

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Advertisement

Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

Пред нас е големиот празник Велигден, за кој ќе добиеме четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, но времето не се погоди, па дождот ги уништи плановите.

пиксабеј

Според пррогнозата на Accuweather, за Велигден не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд.

По Велигден неработен ден е Први Мај – Денот на трудот, а според прогнозата на Accuweather, времето ќе биде сончево со облачни периоди и температура до 22 степени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button