Ненад Лазаров распали по пратениците – ниеден до сега нема донирано за болните дечиња, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош
![](/wp-content/uploads/2025/02/nenad-313471.jpg)
Докторот Ненад Лазаров се огласи на социјалните мрежи со порака до пратениците од Собранието и неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Ниеден пратеник од Собрание на Република Северна Македонија до сега нема донирано за болните дечиња за кои Фондација ECrowd.mk се бори заедно со родителите и народов!
Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака,
добро БЕ,
нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош?
4 години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои, каква ви е таа душа а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации?
И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите?
Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас.