Реклама
Вести

Не ги земајте овие ТРИ работи утре во ваши раце! Го празнуваме Воведение на Пресвета Богородица, голем грев е…

Реклама

Православните верници утре го слават Воведение односно водење на Света Богодородица како тригодишно девојче во храм.

На овој ден по обичај престануваат свадбите кои не се одржуваат до првите денови на пролетта.

Обичај е после службата во црква да се соберат сите млади кои оваа година се венчале. На воведување важи и обичајот оние кои не можат да родат деца да одат да преспијат во манастир како Богородица би им подарила можност да имаат пород.

Маркетинг

Воведение е слава на сточарите кои веруваат дека Богородица им ја штити стоката од зверови.

Маркетинг

Во календарот на МПЦ Воведение е запишано се црвени букви, а инаку се смета за еден од 12 најголеми христијански празници.

Овој празник го одбележува денот кога Богородица, придружувана од нејзините родители Јоаким и Ана, за првпат стапила во храм во Ерусалим. Кај народот празникот е познат и како „Пречиста“.
Овој ден во календарот е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.

Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена. Според народните верувања, сточарите го слават Воведение како Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови на тој ден се претскажувал родот на посевите. Ако небоото е ведро, жетвата ќе биде добра.

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји.

Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи.

Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Девата на првото скалило, а таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, каде што ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Претеча. Кога првосвештеникот ја зеде за рака, ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на Светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архијерејот.

Свети Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „вон себе и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот.

Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се претстават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за во вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот.

Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и неа потоа ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Младите кои се венчале оваа есен е задолжително да одат во црква, а оние кои немаат деца пожено е да одат во манастир. Постот е задолжителен.

На овој ден, вообичаено е да се молиме за Божји благослов за децата, двојките без деца бараат дар на потомство, бремените жени се молат на Богородица за безбедна бременост и здраво дете

Се верува дека на овој празник е невозможно да се влезе во црковен брак, да се шие, чисти, пере, да се навреди, лути, да се осуди некого. Исто така, луѓето велат дека на овој ден е подобро да не позајмувате.

Овој ден го носи и верувањето дека остри предмети како ножеви, ножици или сечила не треба да се користат.

Традиционално, домаќинките прават срдечна гозба во чест на овој празник. Посебно внимание се посветува на храната, со верување дека таа ќе донесе плодност и благосостојба во домот.

Исто така, се верува дека не треба да се консумираат јадења кои се сечат со нож, за да се избегне повикување на лоша среќа.

И сточарите ја слават за да го заштитат својот добиток од диви ѕверови.

На некои места се верува дека убавото време на Воведение најавува добра жетва.

Постарите велат дека ако врне на Воведение, ќе биде плодна година, ако дува силен ветер, ќе биде сушна година. Ако е студено и снежно, следната година би била блага и топла.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button