Реклама
LIFESTYLE

Фрчат навреди во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си еден остарен јарец“, му кажа Саша на Босанац

Реклама

На самиот почеток од финалната епизоца на „Ѕвездите на Гранд“ се случи жестока расправија меѓу Саша Поповиќ и Драган Стојовиќ Босанац. Имено, додека композиторот ги коментираше првите две натпреварувачки, музичарот му порача дека е „остарен јарец“, на што немаше кој не се насмеа, па и тие двајцата.

„Натешко е да се свири армоника како што Поповиќ кога свири… Тоа е најтешко да не погрешиш во тајминог! Јас ти се восхитувам, сериозно Сале. Ти и јас заедно да засвириме, тоа ќе биде нешто божествено!“, рече Босанац, на што Поповиќ само кимна со глава неколку пати.

„Ти се еден стар јарец! Ти ја гледаш сега оваа последна емисија во месец јуни, и тука најде сите да не …“, му рече Саша.

Маркетинг

„Ти благодарам што сум барем јарец, а што сум стар не е важно!“, се насмеа Босанaц.
„Сакаше да ја обезвредниш таа песна?“… го праша малку поостро.

Маркетинг

„Не! Сакав да кажам каде сите паѓаат“ и продолжија со коментирањето, како ништо да не се случило.

Пред една недела во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се скараа пејачките Ана Бекута и Марија Шерифовиќ.

Тие се расправаа поради кандидатот на кој членовите од жирито на ова музичко талент шоу му се ментори, и со месеци наназад го подготвувале за излегување на сцена.

„Има да ја извадиш капата, да ставиш рака на срце и да ми кажеш: „Ти благодарам Ана“, му порача налутено Бекута.

„Ти се што ќе ти се каже го сфаќаш лично, па на следните учесници им се одмаздуваш! Ти се доживуваш лично, а емисиите и твоите гласови говорат за тоа! Луѓето зборуваат за тоа“, и возврати Марија.

„Ајде, ти да молчиш! Преку глава ми е од тебе! Преку гласа си ми!“, ѝ викаше Ана.
Сепак, иако паднаа тешки зборови и обвинувања, нема сомнеж дека колешките ги закопаа „воените секири“, што секогаш е случај кога ќе заврши снимањето.

Марија Шерифовиќ речиси редовно има испади во шоуто Ѕвездите на Гранд, па во едно интервју истакна дека нема да дозволи да „влегува во оган“ како во претходните сезони на „Ѕвездите на Гранд“, но кратко потоа очигледно заборави на тоа.

Имено, Шерифовиќ го напушти студиото откако еден од кандидатите помина во бараж, кој според нејзините мерила не го заслужува тоа. Пејачката посебно се „вознемири“ од објаснувањето на својата колешка Вики Миљковиќ дека му го дала својот глас затоа што е „сладок“.

Па дали сте вие нормални? – викаше на сиот глас Марија.

И што е најинтересно, тоа не беше единствениот чуден критериум заради кој кандидатот доби поддршка од жирито.

„Ни еден тон не погоди, но гласав затоа што носи кожена јакна“, објасни во еден момент рокерот Ѓорѓе Давид.

Од друга страна, Карлеуша и Ана со години седат заедно во „Ѕвездите на Гранд“ каде одлично соработуваат како колешки.

Познато е дека Бекута отсекогаш била благонаклонета кон својата помлада колешка, а тоа е така бидејќи беше пријателка и со нејзината мајка, Дивна Карлеуша. Токму затоа таа секогаш е на нејзината страна и и’ е поддршка.

– Јас Дивна ја познавав целата моја кариера и се сеќавам дека, кога Јелена требаше да ја сними првата плоча, Дивна ја имаше мојата поддршка. Долго време соработувавме без интерес и бевме пријателки. Јелена сигурно го знае и е свесна за тоа. Јас неа ја запознав како многу топла и искрена пријателка, која е во состојба да загине за своите пријатели и јас неа така ја доживувам, изјави Бекута за Карлеуша.

Поврзано

Back to top button