Реклама
Наши ѕвезди

Наум Петрески првпат искрено проговори за болеста и нарушеното здравје

Реклама

Долга и богата е истопријата на нашиот познат фолј пејач Наум Петрески. Тој со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 година почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на бројни фестивали, а самиот почеток бил во 1990 г.на фестивалот “Фолк хит на годината” со песната Наум бекрија.

Маркетинг

Во 1991год. со забележителен настап како млад и перспективен вокал со песната “Има ли песна” постигнал најголем успех во историјата на валандовскиот фестивал освојувајќи четири награди прво место од публика, најдобар дебитант, второ место од жири и награда за интерпретација.

Маркетинг

Истата песна била избрана за фолк хит на годината, а Наум ја добил наградата за вокал на годината. Од тогаш до сега се ределе бројни настапи, успеси во Македонија и низ дијаспората. Од тие настапи му биле доделени голем број признанија, благодарници и плакети.

Испеал голем број дуети “Љубов голема” со фолк дивата Виолета Томовска, “За Македонија” со Есма Реџепова, “Пеј бистро пеј” со Сузана Спасовска, потоа дуети со Росана Тодоровска и песната “Сенките под маслините”, “Тиквешка елегија” со Зуица Лазова, “Љубовта не отепа” со неговата ќерка Анастасија Петреска и многу други….

Некои од песните се обнародени како што се “Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Љубов голема”, “Лазарополе”. Издал две касети првата под наслов “Има ли песна” и втората “Жал за Деспина” и три цедеа “ Песно моја”, “Пат за Македонија”, “Оди звездо” и заедничко ЦД со етно групата Синтезис насловено како Синтезис и Наум Петрески.

Едно од најголемите дела во кое учествувал е проектот Македонска чалгија во која учествувал со дури 45 песни од 120, распределени во албум од 6 цедеа.

Toj за порталот „ММС“ конечно проговори за нарушеното здравје кое, како што вели, комплетно му го променил начинот на живеење.

Принтскрин/ Јутјуб, Еден на еден

Дека има дијабетис тип 2 дознал баш на неговиот јубилеен 50-ти роденден. Раскажува дека шеќерна болест имале бабите и деовците и од кај мајка ми и од кај татко ми, го имал татко му, а го има и мајка му. Свесен бил дека заради тоа може и тој да се разболи, но не очекувал тоа да се случи толку рано во животот.

„Открив дека имам дијабетис на мојот 50-ти роденден. Сакав нешто да прочитам и не можев да го прочитам, видот ми беше замаглен. А тогаш бев под голем стрес околу кампањата, прославата на јубилејот и тој голем стрес придонесе да ми се јави побрзо. А не смеам да ја испуштам и гојазноста, во тоа време бев многу поправен.

Утредента отидов на ендокринолог и ми ми најдоа шекер 29,6. Многу сериозно. Веднаш ми препишаа терапија, која за седум дена ми го симна на 11, а потоа дојде на нормала, 6,5 до 7. Таа терапија од тогаш ја примам, еве веќе осма година“, открива Наум за „ММС“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button