Пејачката Лепа Брена синоќа на третиот концерт во Загреб доживеала несреќа поради што била итно оперирана.
Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена го скрши зглобот среде третиот концерт во Арена Загреб во понеделникот вечерта. Без разлика, таа го завршила концертот, а потоа ја поминала ноќта на Клиниката за трауматологија на Драшковиќ.
Пејачката таму била и оперирана.
Брена ја скршила ногата среде концертот. Ана Бекута, како гостинка на концертот, штотуку го завршила својот настап и започнал нов блок песни. Брена чекала да излезе на сцената, а камерманот го снимал моментот на жената која изведува акробации на свила на сцената во склоп на концертот. Одел наназад и паднал во лифтот во кој пејачката чекала да ја крене.
Без разлика на скршениот скочен зглоб, таа без трага на болка на лицето ја отпеала песната „Пази коме завидиш“.
Се огласи организаторот на концертот и откри како дошло до несреќата.
„Ја известуваме почитуваната јавност дека за време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Арена Загреб, се случи несреќа, поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше зглобот. Операцијата е успешна и пејачката се чувствува добро. Лепа Брена уште еднаш ја покажа својата професионалност и беспрекорно изведе многу напорен концерт, понесена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови за процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, најавените концерти кои требаше да се одржат денеска, 10 декември и 16 декември, во Арена Загреб, се одложуваат.