Реклама
Вести

НАЈНОВА МЕТЕО ПРОГНОЗА: Од утре постудено и нови врнежи од снег

Реклама

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека на планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

Маркетинг

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, од утре (Петок 29 Ноември, до ноќта недела кон понеделник, 1/2 Декември), времето во Македонија ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од дожд (локално над 50/60 литри на метар квадратен воден талог), додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира голема снежна покривка, напиша Славчо Попоски во својата последна метео анализа.

На планините се очекува да се формира снежна покривка од над 50/60 cм, особено во западната половина од Македонија, додека на повисоките места таа ќе биде со висина од над 30/40 cм.

Маркетинг

Поради влијанието на студената воздушна маса, особено во западните, југозападните и во северозападните предели од Македонија и во пониските места (градовите) повремено ќе има пообилни врнежи од снег, кој би бил претежно влажен и тежок. Во овие пониски места исто така очекуваме формирање на снежна покривка, понекаде со висина од над 20/30 cм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button