НАЈАВИЈА НОВИ ПРОТЕСТИ – Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите

Неколку пензионери денеска пред Влада излегоа и побараа повисоки пензии, Линеарно зголемување наместо процентуално тоа е нивното клучно барање бидејќи сметаат дека како бројка на пензионери се во голем број потсетувајќи дека се голема бројка нагласачко тело.
Највозрасната група граѓани веќе доби две зголемувања по 2.500 денари, но есенското покачување повторно ќе биде процентуално.
Таквата одлука беше објавена при донесување на ребалансот на буџетот, со кој се предвидува и зголемување на средствата за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Планирано е таму дополнително да се инкасираат околу 40 милиони евра.
Пензионерите побараа средба со Владата на која би се нашло заедничко решение. Велат дека нема да се откажат од нивните барања се додека не се слушне нивниот глас.
Побараа и средба со премиерот за да му ги пренесат лично барањата.
Претставник на владата дојде и ги упати пензионерите што и како треба да постапат за нивните барања да бидат проследени до влада.
Од Влада, во телефонски разговор за телевизија 24 посочија дека барањата ќе бидат разгледани по што ќе се произнесат по однос на нивните барање.
Претходните 5.000 денари покачување на пензиите, пензионерите го добија протестирајќи на улица. Очекуваат ново усогласување на пензиите да биде повторно по овој терк.