На овој начин масовно се краде во супермаркетите: Го нарекуваат „банана трик“ и го користат многу луѓе

Голем број луѓе користат каси за самостојна наплата за да платат помалку за некои артикли, или воопшто да не платат, што создава огромни проблеми за синџирите на супермаркети кои затоа претпочитаат да се вратат на „старите добри касиери“.
Шест милиони Британци ги злоупотребуваат касите за самостојна наплата во супермаркетите и на тој начин крадат, според студијата на Ипсос, објавува Дејли Меил.
При изборот на артикли на екранот, еден од осум клиенти кликнал на поевтината опција иако тоа не бил производот што всушност го купувал.
Ипсос спроведе анкета на 1.099 луѓе за да ја истражи практиката позната како „банана трик“. Ова обично се случува при купување овошје или зеленчук, кога потрошувачите намерно ја избираат поевтината опција на екранот.
Интересно е што 48 проценти од испитаниците веруваат дека „банана трик“ не треба да се смета за кривично дело.
Осум проценти од испитаниците изјавиле дека украле намирници поевтини од 10 фунти, а 26 проценти веруваат дека тоа не треба да биде прекршок.
Исто така, има и такви кои признале дека не плаќаат за артикли во вредност од една фунта.

Дејли меил понатаму објавува дека кражбите во продавници се зголемиле на рекордни нивоа. За една година се регистрирани 443.995, што е околу 50 кражби дневно.
Според одредени проценки, на овој начин годишно се создава штета од 1,8 милијарди фунти, а продавниците мора да издвојат дополнителни 700 милиони за да воведат безбедносни мерки.
Дали касите за самостојна наплата ги прикриваат кражбите?
Многумина го обвинуваат воведувањето на каси за самостојна наплата за зголемување на кражбите.
Бројот на каси за самостојна наплата во Велика Британија порасна од 53.000 на 80.000, додека во САД веќе почнуваат да се враќаат на стандардните каси.
Се чини дека некои британски трговци на мало ќе го сторат истото.

Директорот на „Морисонс“ призна дека „отишле предалеку“ во поставувањето самопослужни каси и дека сега ќе бараат начин да „воспостават рамнотежа“.
„Асда“ објави дека наместо тоа ќе инвестираат во човечки ресурси. Сепак, повеќето големи продавници продолжуваат да инсталираат каси за самостојна наплата за да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат трошоците.
Сепак, има и клиенти кои се жалат на машините бидејќи претпочитаат интеракција со луѓето за време на плаќањето.
Забележано е и зголемување на кражбите кај членовите на средната класа, поради што Морисонс сега ја преиспитува одлуката за инсталирање каси за самостојна наплата. Одредени продавници ќе ги затворат тие каси по неколку часа на ден, шест дена во неделата.