На Kрстовден мора да направите една работа! Ќе имате среќа цела година ако го испочитувате ова!
Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.
Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.
Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.
Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.
Покрај празникот, на овој ден се практикува и молитва. Се избегнува физичка работа, но не за да не се работи, туку луѓето да имаат време да се молат во текот на денот.
На Водокрст треба да се јаде грозје, бидејќи ова овошје е симбол на слатка победа, плодност и изобилство, а се верува дека оние кои го јадат на овој празник привлекуваат среќа и изобилство. До денес е зачуван уште еден обичај, а тоа е дека на Крстовден треба да се вратат сите долгови.
Да потсетиме, еден по друг се редат три големи празници, секој со свои верувања и обичаи, а сите се поврзани со крштевањето на Исус Христос. Крстовден се празнува во сабота, Водици во недела, а Свети Јован Крстител во понеделник.