Се уште не се знае како 69 годишната жена и уште едно 9 годишно дете вчера вечерта паднале од зграда во скопска Кисела Вода.
Полицијата утрово го објави идентитетот на жената која починала на лице место додека 9 годишното дете завршило во болница со повреди.
Advertisement
„На 03.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во соопштението на МВР.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .