Реклама
Вирално

Момчето на Фросина со потресна објава: Нашите планови ги срушија за миг

Реклама

Семејството и пријателите на 22-годишната Фросина Кулакова се во длабока жалост и неутешни од нејзината прерана смрт, а со нив ја носи тагата и цела Македонија.

Момчето на Фросина Кулакова која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ се огласи на социјалните мрежи.

Петар Ристов напиша емотивен текст и сподели компилација на фотографии од убавите моменти со Фросина. Истовремено, видно револтиран, упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена.

Маркетинг

– Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button