Мишел Трајковски пак се здружи со Јана Стојановска за нова песна – еве кои ѕвезди и ѕвездички им прават друштво (видео)
Во рефренот ќе ги слушнете искрените детски гласови, кои внесуваат празнична магија и радост што допираат до секое срце.
На музика и аранжман на Мишел Трајковски, по текст на Јана Стојановска, а заедно со дечињата од СОС Детско село, излезе новогодишна песна која – како што велат од СОС Детското село – е создадена со љубов и инспирација, која носи силна порака за љубов, надеж и припадност.
Поддршка на оваа песна дадоа повеќе наши познати личности – Игор Џамбазов, Драган Спасов Дац, Александар Митевски, Андреј Ѓоргиески, Ана Стојановска, Зоран Спасоф Зоф, Мијата, Дамјан Стојаноски, Стефан Николовски, Стефан Лазаров, Стефан Спасов, Цеце Николова и Маја Поцевска.
„Создадовме нешто што ќе ги направи децата среќни, а ќе ги поттикне возрасните за моќта на заедништвото и љубовта. „Пеперутки” заедно со нашите другари, колеги кои со својата присустност дадоа љубов и топлина во ова видео“ – напиша Мишел Трајковски на својата фејсбук-страница.
Во продолжение слушнете ја песната.