Огласи
Новости

Mиа Костова за обезбедувањето во Пулс: На сета тага, болка и траор, не мора да патат и деца и фамилии на луѓе кои немале друг избор освен да слушаат што ќе каже газдата. При тоа, спасиле нечии деца.

advertisement
advert

Статусот на Миа Костова ви го пренесуваме во целости:

Како некој кој цела младост ја помина во диско на работа, 4 пати во неделата работев во диско клуб кој во тоа време имаше тројца газди кои имаа многу пари од свои бизниси никако неповрзани со заработка од клубот.

Освен што Хард Рок на капацитет од 800 луѓе имаше 4 излези, означени и при гасење на струја видно обележани, работеше по стандарди кои не постојат веќе 20 години. Се пријавуваа во полиција дури и танчерки од Србија.

реклама

Зборот ми е, обезбедување имало по 20-30 луѓе на вечер, на секоја точка и внатре и надвор.

Обезбедувањето НИКОГАШ немало ингиренции за барање лични карти, тоа сум го правела јас како менаџер ако се посомневам во нечија возраст иако во тоа време толку мали деца не излегуваа воопшто во таков клуб. Кога ќе дојдеше инспекција во канцеларија топови хартија се проверуваа по 3-4 часа.

Обезбедувањето не може да сноси кривица за малолетници еве и зошто, дури и да го врати од врата, ќе излезе газдата и ќе рече ‘пушти го бе на Горан му е син’ и? Што ќе рече обезбедувањето: не може? не смее?

Марpкетинг

Проблемот е во големиот газда, потписите на лиценците, и сите оние кои нешто дозволиле, клопчето да се одмота до последниот еден кој било што дозволил, не прегледал, не установил грешка или свиркал со години додека шупата млатела пари.

Обезбедувањето работи за 20 евра дневница и нема никаков глас во однос на газдата и неговите барања или насоки.

Оставете ги луѓето на мира сосе пиротехниката која ако ми ја донесеш дома во дневна ќе ти речам дека овде не може да ја палиш.

Проблемот е кај оние што се загоени од храна во првите 3 месеца откако ќе седнат во топла фотеља. Тие сите еден по еден да си полежат, овие другиве се колатерална штета. Секој еден потпис треба да е во Шутка.

На сета тага, болка и траор, не мора да патат и деца и фамилии на луѓе кои немале друг избор освен да слушаат што ќе каже газдата. При тоа, спасиле нечии деца.

Искрено верувам дека работите после ова ќе се сменат еднаш засекогаш и дека вистинските кривци за оваа трагедија ќе сведочат од зад решетки за еден подобар систем кој треба да почне од секој поединец.

А кој е следен? Следни сте сите вие што во најтешкото сакате дестабилизација за фотељи кои не ги заслуживте и тоа го докажавте што после режим нѐ спуштивте во дупка толку длабока да не може да се откопаме.

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button