Вести

Метеоролозите со најнови прогнози – еве кога се очекуваат нови врнежи од дожд и снег!

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринските температури ќе се движат од -11 до -4 степени, а дневните од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 9 степени.

Реклама

До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла.

Од ноќта кон среда од запад ќе започнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми.

Маркетинг

Ладното време ќе продолжи и во текот на наредната седмица, а од вторник попладне се очекуваат локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег.

Овие врнежи ќе бидат поизразени во западните и југозападните делови на Македонија, каде што во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, додека на планините и скијачките центри снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Во Скопје и околината, од вторник па во деновите потоа, ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег, како и влажен снег. Повремено ќе засилува југоисточен ветер.

Со оглед на ниските температури, се препорачува внимателност при движење, особено на планинските патишта и во утринските часови поради можност за појава на мраз.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button