Вести

Масовно им се расипувале автомобилите, но измамата веднаш е откриена! Штетите се во илјадници евра!

Advertisement

Пумпат продаваше бензин измешан со вода во сооднос од дури две третини вода и една третина бензин.

Првата забележана жртва го пријавила проблемот на 24 април. Возачот наполнил гориво на бензинска пумпа во шпанскиот град Алаквас, но возилото застанало по само неколку метри.

Advertisement

Не ѝ требаше многу време на службата да ја открие причината – горивото било измешано со вода.

Според досега собраните информации и пријавите на околу 30 возачи, пумпата продавала бензин помешан со вода во сооднос од дури две третини вода и една третина од бензин.

Дури и градскиот совет на Алаквас објави официјално соопштение на социјалните мрежи, во кое најави средба со сите засегнати возачи.

Advertisement

Наводно, околу стотина луѓе ја истуриле оваа ризична смеса. Многумина веќе побарале помош од сервисните центри, а проценетите трошоци за поправка се движат меѓу 800 и 1.000 евра.

Најчести проблеми се отежнато палење на моторот, но постои и ризик од ‘рѓа во резервоарот, затнување на филтерот за гориво и оштетување на инјекторот, пишува Ревијахак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button