МАРИНА ЗАМИНА НА ПЕЧАЛБА ВО ШВАЈЦАРИЈА Кога видела за што всушност се работи, доживеала тотален шок! (ВИДЕО)
Ана Марина Ласо, oд Шпанија која со години живее и работи во Швајцарија, предизвика големо внимание во јавноста со својата изјава дека како чистачка заработува повеќе од многу инженери во Шпанија.
Нејзината приказна, која ја сподели на TikTok, привлече илјадници прегледи и коментари.
Според неа, во Швајцарија постои можност за работа во три сектори за чистење: фабрики, продавници и домаќинства. Ана Марина, која заработува 28 швајцарски франци на час (околу 30 евра), објасни како функционира овој бизнис.
„За четири часа работа заработив 112 франци (120 евра). Сакам да чистам, па оваа работа не ми е тешка“, откри Ана Марина во своето видео.
Ана Марина истакна дека нејзината плата е двојно поголема просечниот приход на еден инженер во Шпанија, кој според Talent.com е околу 30.000 евра годишно, што е приближно 15,38 евра на час.
„Заработувам повеќе како чистачка од инженер во Шпанија“, рече таа, предизвикувајќи дебата за животниот стандард и вреднувањето на различните професии во европските земји.
@anamarinalasso Cobra más una limpiadora en Suiza que un ingeniero en España🤡 #suiza #manifestacion #zurich #dinero #girl ♬ LoFi Hip Hop Commercial – Milan Paloyannidis
За разлика од многу мигранти кои работат на црно, Ана Марина нагласи дека е вработена во компанијата и целосно легално регистрирана.
Овој детал е важен бидејќи обезбедува стабилен приход, осигурување и права кои многу работници во странство ги немаат, пишува романската либертатеа.
Ана Марина на својата работа гледа можност за подобар живот и не се двоуми јавно да зборува за тоа.
Нејзината приказна инспирираше многу корисници на социјалните мрежи да ги преиспитаат своите ставови за миграцијата, работничките права и вредноста на различните професии низ Европа.