Македонскиот херој Јован првпат сведочи за спасувачката акција: „Викотници и пискотници се слушаа, влегов преку прозорецот што е кај картите….

Кобната вечер и траумите низ призмата на Јован. Јован е средношколец од Виница кој иако бил надвор кога почнал позарот, на неколку начини помагал на повредените.
Тој го даде првото интервју за иницијативата „Супорт Кочани“.
Прво влегува да помага на луѓето во дискотеката, а подоцна и давал помош на повредените. Му благодариме од срце за неговата хуманост и пожртвуваност
Раскажува дека во даден момент и самиот паднал на колена, а откако му се слошило со уште двајца повредени со возило бил однесен во болницата во Кочани каде што веќе било хаотично.
Тој сведоци за стресни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува. Луѓето кои се засегнати од оваа ситуација имаат потреба од нас. Ваквите трауматични раскажувања само ни покажуваат дека донациите ке бидат потребни и во иднина, велат од Супорт Кочани