Реклама
Вести

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА – почина познатиот музичар

Реклама

На 61 година вчера почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), клавијатурист на легендарната гевгелиска поп-рок група „Зијан“.

Тој е еден од авторите и аранжер на инструменталот „Низводно“, од истоимениот албум, вистински дијамант на македонскиот поп рок.

Ќорнаков ќе остане засекогаш во музиката која тој, заедно со другите членови на „Зијан“ ја создадоа на радост на големиот број нивни обожаватели.

Маркетинг

Неговиот последен настап беше на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје, каде со членовите на „Зијан“ одржаа концерт по 42 години.

Маркетинг

Зијан е македонска рок музичка група од градот Гевгелија. Нивните почетоци датираат уште од 1978 под името „Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во Зијан.

Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како прегрупа на бендот „Видеосекс“. Победуваат на „Гитаријадата“ во Заечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо-албум во Белград.

Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката.

Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button