Реклама
Вести

Maкедонија тагува – не напушти врвна докторка

Реклама

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.

Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година.

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Маркетинг

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

Маркетинг

Лекарката е исто така и прва сопственичка на Приватна здравствена установа „Др Лилјана Пренџова“, која минатиот месец одбележа јубилеј од 15 години, инаку специјализирана за ваков вид на интернистички прегледи, голем дел од нив превентивни но и голем број со дијагностика на појавени болести. Нејзини пациенти беа велешани како и граѓани од повеќе градови во внатрешноста на државата.

Додека работи, лекарката, исто така се едуцира и посетува школи за усовршување на дијагностика и лекување на болести но и го пренесува сопственото искуство на голем број колеги од оваа медицинска гранка.

Др Лилјана Пренџова беше сопруга, мајка на два сина и баба на еден внук.

Посмртните останки на др Лилјана Пренџова ќе бидат изложени во капелата на новите гробишта во Раштани, утре, 11 јануари, во 13:00 часот, додека погребувањето ќе се одржи во 13:30 часот.

„Искрено сочувство до семејството и светол пат кон вечноста др Пренџова.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button