Вести

Маjка сакала да го продаде синот (2) за 20.000 евра, од нејзините зборови ќе ви се слоши: Уапсена со многу кеш!

Advertisement

Шокантна снимка го прикажува моментот кога мајка била уапсена откако се обидела да го продаде својот двегодишен син за 21.500 евра во Украина.

Мајката (20) од Днепар наводно сакала да ги искористи парите за да „отпочне сопствен бизнис“, пишува Дејли Мејл.

Advertisement

Неименуваната мајка била уапсена кога клиентот и ги предал парите, соопшти украинската полиција.

На видеото се гледа како полицаецот ги брои парите, додека мајката е врзана со лисици. На видеото се гледа и социјален работник кој се грижи за детето.

Казнета е „Мајката од пеколот“. Соопштено е дека жената е осудена на осум години затвор за трговија со малолетници.

Advertisement

„Како што рекла, не сакала да се грижи за својот син, па решила да се ослободи од него“, соопшти полицијата.

Се додава дека таа го познавала купувачот.

„Таа планирала да започне бизнис со тие пари. Злосторството го документирале полициските оддели на миграциската полиција и истражниот оддел на главниот полициски оддел во регионот Днепропетровскa во соработка со одделот за криминална анализа“, соопштија властите.

Детето првично било испратено на лекар, а сега е под заштита на социјалните служби.

„Таа нашла потенцијален купувач, на кој му понудила да му прoдаде малолетно дете за исплата на готовина од 21.500 евра“, соопштија од обвинителството на Дњепропетровск.

На судењето мајката се изјаснила дека не е виновна, но судот ја осудил на осум години затвор. Пресудата се уште не е правосилна, соопштија надлежните. Дотогаш жената ќе остане во притвор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button