Луѓето кои го имаат овој број во датумот на раѓање ги чека бајковит живот – блазе си им!
Низите броеви со единица и двојка се сметаат за ангелски низи – броеви кои симболизираат почеток, рамнотежа, хармонија и надеж, секако и голема среќа во животот.

Нумеролозите истакнуваат дека низите броеви во датумот на раѓање можат да влијаат врз нашата судбина, иднина, карактер и односи. Сепак, во разновидните низи, броеви и комбинации, како посебни се издвојуваат одредени броеви.
Низите броеви со единица и двојка се сметаат за ангелски – тие симболизираат почеток, рамнотежа, хармонија и надеж.
Нумерологијата открива каква среќа во животот ги следи луѓето кои во датумот на раѓање ги имаат броевите: 1, 2, 12, 21, 11 и 22!
Број 1 во датумот на раѓање
Енергијата на бројот 1 симболизира засилени способности за водење и лидерски квалитети. Луѓето со овој број имаат засилена самодоверба и силна волја, но и оригинален пристап кон сè што прават во животот.
Имаат остро око за детали, па својот живот често го бојат со позитивни и убави нијанси на оптимизам. Често се чувствителни и склони кон прикривање на емоции, но во љубовта се искрени, отворени и лојални.
Број 2 во датумот на раѓање
Ова се чувствителни души со развиена интуиција. Имаат топла природа и големо срце, а нивната најубава особина е разбирањето, што ги прави одлични пријатели.
Овие луѓе се многу друштвени и отворени за нови познанства. Често се во центарот на вниманието, но никогаш не паѓаат во замката на егото. Нивната тајна лежи во неверојатната харизма.
Број 11 во датумот на раѓање
Луѓето родени на 11-ти во месецот се големи сонувачи, но и одлични лидери во својата професија. Тие имаат силна духовна страна и се многу свесни и емпатични.
Имаат силен темперамент, но сè што прават, прво добро го проценуваат и размислуваат. Тоа се креативни души кои вечно живеат во свој, посебен свет, но знаат кога е време да се вратат во реалноста и да го остварат својот сон.
Број 12 во датумот на раѓање
Ги одликува неверојатна физичка и ментална енергија и опуштена природа. Со собирање на броевите 1 и 2 добиваме еден од најсреќните броеви – тројката. Тоа значи дека овие личности се весели, но и многу одлучни и храбри.
Имаат способност да се претстават во најдобро светло и да остават добар впечаток. Нивниот талент најчесто е поврзан со комуникација или со пишување. Во љубовта се многу нежни и емотивни, но имаат и развиена еротска енергија и страст.
Број 21 во датумот на раѓање
Вашата немирна и авантуристичка природа постојано ве поттикнува да истражувате нови хоризонти во животот. При средба со проблеми покажувате лежерен став и не паничите, туку наоѓате начини како да стигнете до решение.
Одличен сте соговорник и енергична личност. Подложни сте на подеми и падови, но кога ќе паднете – полесно се кревате.
Број 22 во датумот на раѓање
Способни сте за големи подвизи во животот и преземате одговорност работејќи напорно на своите цели. Во помладиот период од животот сте склони да бидете тврдоглави и да ги потиснувате чувствата, но зрелоста ви носи една леснотија на духот.
Имате моќна внатрешна сила и харизма. Овие личности се стремат кон создавање подобар свет и поубава иднина. Нивната мисија секогаш е општото добро.