Реклама
Вести

Лидија се упатила кон патот кој води кон Драчево: Нови детали од потрагата

Реклама

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден е исчезната. Семејството кое го пријави исчезнувањето вели дека нема здравствени проблеми и не е конфликтна жена.

Семејството претходно соопшти дека Лидија излегла од дома и отишла на автобуска станица. Според нивните информации, таа била вознемирена, но не се знае од што. Нема телефон, ниту документи со неа. Носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Полицијата пронашла неколку предмети за кои се верува дека и припаѓале на 43-годишната Лидија Трајковска, која од завчера е пријавена за исчезната, а последен пат била видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево.

Маркетинг

На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот вчера биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер.

Маркетинг

– Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин.

Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата“, велат од МВР.

Полицијата користи и дрон во потрагата, со кој ги надлетувала бреговите на Вардар во должина од речиси пет километри кон југ, се до селото Огњанци. Била пребарана пошироката околина и напуштените објекти во овој реон.

Потрагата, велат од МВР, продолжува интензивно и денеска, се до пронаоѓањето на исчезнатата жена.

Членови на семејството, во разговор за „Фокус“, тврдат дека добиле порака со обид за изнуда од 500 евра за информација во врска со Трајковска. Пораката била испратена на „ватсап“, а семејството го пријавило и ова во полицијата.

Фотографиите од Трајковска, објавени од семејството, се пренесуваат на социјалните мрежи, со информации каде и како граѓаните да пријават ако ја забележат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button