Бизнис

ЛАДЕН ТУШ ЗА MAKEДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Тие што живеат под кирија плаќаат повеќе, а причината ги изненади сите

Advertisement

На германскиот пазар на станови, странците во просек плаќаат повеќе кирија од германските граѓани.

Во 2022 година платиле 7,75 евра кирија за метар квадратен, што е за 9,5 отсто повеќе отколку што плаќаат Германците, објави Сојузниот завод за статистика. Дел од разликата може да се објасни со тоа што германските станари живеат во просечно поголеми станови, кои се издаваат по поповолни цени за метар квадратен.

Advertisement

Според резултатите од пописот од 2022 година, на кои упатува институтот, странците почесто издаваат станови од германското население, но помалку ги користат старите договори за изнајмување, пишува Дпа.

Дури и кога станува збор за станари кои живеат во стан повеќе од 20 години, тие сепак плаќаат 9,1 отсто повеќе од Германците.

Разликата е седум отсто за период на закуп помеѓу 10 и 15 години, додека се намалува на 3,5 отсто за договори помали од една година.

Advertisement

Статистичарите ја нагласуваат и поврзаноста на разликата во киријата и големината на местото на живеење.

Во средните градови со 50.000 до 100.000 жители разликата била најмала, 6,6 отсто, додека странците во малите општини со под 10.000 жители требало да платат 10,6 отсто повеќе, пишува б92.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button