Бизнис

Конечно убави вести! Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Advertisement

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес објави дека се извршени исплати во вредност од 105.002.614,00 денари на сметка на 7.158 земјоделци.

Во нивното соопштение, од Министерството потенцираат дека континуираното сервисирање на субвенциите кон земјоделците претставува приоритет.

Advertisement

“Денеска се реализираше исплатата на подмерка 1,5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1,4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година”, се нагласува во официјалното соопштение.

Право на оваа подмерка имаат земјоделските стопанства кои одгледуваат површини засадени со домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир и се корисници на подмерката 1,4 од Програмата за 2024 година. Услов е произведената земјоделска култура да е предадена на регистриран откупувач, да е употребена во сопствен преработувачки капацитет, за домашни потреби или продадена на пазар.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button