Вести

КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ – на сметките на овие граѓани ќе легнат 41.239 денари

Advertisement

Денеска на 6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари.

Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Advertisement

Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската професија и благородноста на повикот да се работи за својата држава, своите граѓани и нивната безбедност и сигурност.

Исто така, со покачувањето на платата од 10% за сите вработени во МВР кое се реализираше овој месец, направивме чекор кон подигнување на социјалниот статус на полициските службеници бидејќи само задоволни полициски службеници можат да бидат вистински столб на безбедноста на граѓаните и државата, пишува Тошковски во својата објава.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button