Реклама
Бизнис

КОНЕЧНО УБАВА ВЕСТ – овие граѓани добиваат повисоки плати!

Реклама

Околу 790 вработени во рудникот Саса и оваа година ќе добијат повисоки плати. Менаџерскиот тим на Саса донесе одлука за ново зголемување на платите во износ од 10% на основната плата и покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари, се вели во денешното соопштение од Рудник Саса.

Ова како што стои во информацијата од компанијата е петто по ред во последните три години, кое почнува да се применува со исплата на јануарската плата.

-Заедно со претходните четири покачувања, платите во Саса се зголемени за над 40% во однос на нивото пред 2022 година. Со најновото зголемување, Саса успеа да ја задржи позитивната разлика помеѓу платите во рудникот и просечната исплатена плата на национално ниво, која беше воспоставена по влезот на компанијата Централ Азија Металс (CAML) во Саса во 2017 година. Имено, со ова зголемување, платите во Саса остануваат значително повисоки од националниот просек, а притоа се поголеми и од платите на вработените во сите останати рударски компании во земјата, истакнаа од Рудник Саса.

Маркетинг

фото саса

Маркетинг

Податоците како што додаваат оттаму истовремено покажуваат дека од 2017 година до денеска, платите во Саса се зголемени за повеќе од 100%, а во истиот временски период, според официјалните податоци од државните институции, вкупните трошоци за живот во земјата се зголемени за околу 40 проценти.

Ова според генералниот директор Кристофер Колбурн окажува дека со досегашното зголемување на платите, Сaса успешно ја штити и унапредува благосостојбата на своите вработени, наспроти растот на цените и животните трошоци во земјава.

-„И покрај нестабилноста на цените на пазарот на оловото и цинкот со кои се соочуваме во изминатите неколку години, континуираното зголемување на оперативните трошоци и големите инвестиции што ги правиме за да го продолжиме животниот век на рудникот Саса, сепак најдовме начин и оваа година да направиме значително зголемување на платите на нашите вработени. Ова ќе претставува уште една дополнителна мотивација за нивните вработени, која ќе се одрази позитивно на продуктивноста и вкупните перформанси на рудникот Саса, а кои се неопходни за неговиот натамошен одржлив развој и обезбедувањето на сигурноста на работните места“, изјави Колбурн.

фото саса

Со сите релевантни податоци за работењето на Саса, вклучувајќи ја и најновата одлука зголемување на платите, запознаени се и претставниците на синдикалните организации во Саса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button