Реклама
Бизнис

КОЈ СЕ БОГАТИ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ – еве зошто плаќаме толку високи цени на производите во маркетите

Реклама

Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи од што ќе зависи дали ќе се преземат понатамошни мерки за контрола на цените.

Според првичните информации по спроведените инспекции, забележани се одредени злоупотреби на позицијата на пазарот. Во маркетите забележани се бруто маржи кои надминуваат 20% на основните прехранбени производи. На одредени детергенти и на производи за нега на бебиња забележани се маржи кои надминувале и 35%.

Маркетинг

фото фејсбук

Контролата на увозниците и дистрибутерите пак покажала дека се ставале маржи од 25 до 45%, а проблем на пазарот е што 10 увозници контролираат над 90% од него. Рекордот го држи еден бренд на чоколадо на кој му набиле маржа од неверојатни 60%

Маркетинг

Контролите продолжуваат и на производителите.

Граѓаните веќе два пати ги бојкотираа продавниците што го намали нивниот дневен профит.

фото фејсбук

Владата го задолжи министерството за економија да предложи да ја донесе следната предлог мерка – одлука за 10% ограничување ан маржата на производите на основните прехрамбени производи, изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

„Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување и да трае до 30.04.2025 година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспартентно објвување на сите цени и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да се придонесе за поголема транспаретност за граѓаните сами да одлучат каде да пазаруваат“, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button