Вести

КИЧЕВО ЗАВИЕНО ВО ЦРНО: Ова е младото момче кое загина во денешната сообраќајка кај Ботун (ФОТО)

Advertisement

Охридската полиција утринава во 07:21 чaсот добила пријава дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.

-По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Advertisement

Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција.

Според локалниот портал Кичево.нет, во несреќата загинало 22 годишното момче Фарук Карага.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button