Реклама
Наши ѕвезди

Ќе ве полазат морници од новата песна на Ѓоко Јовиќ – на кого пејачот вели „Ако одиш подобро уби ме”?!

Реклама

Популарниот македонски пејач и вокал на музичкиот состав „Енерџи Бенд”, Ѓоко Јовиќ ја изненади јавноста и своите обожаватели со моќна љубовна балада која уште при првото слушање предизвикува бура од емоции кај секој слушател кој вистински знае да сака.

Љубовната балада го носи насловот „Ако одиш” и е четврта по ред песна која Ѓоко ја објавува годинава. На музиката и аранжманот свој потпис стави Лазар Цветкоски, додека текстот е дело на неговата сестра, Магдалена Цветкоска. Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации во продукција на М16 при турнејата на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд во Австралија.

Маркетинг

– Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја осети енергијата и целата емоција која ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

Маркетинг

Како потсетување, претходно јавноста ги слушна песните „Магија”, „Незаборавна” која дојде во ултра модерен ритам, како и народната „За четири наши дечиња” со што пејачот покажа дека успешно “плива” во повеќе жанрови и знае на вистински начин да ги донесе до публиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button