„ЌЕ ГО ТУЖАМ ГРАНД! По смртта на Саша Поповиќ, пејачката донесе одлука: „Ми земаат пари од песните, не им дозволувам да мислат дека сум овца“

Како што тврди Андреана Чекиќ, многу нејзини колеги кои веќе не се дел од продукцијата го имаат истиот проблем, не добиваат пари од своите песни.
Андреана Чекиќ кариерата ја започна во Звездите на Гранд, а по натпреварот стана членка на Гранд продукција.
По долги години, таа реши да ја тужи истата продукција.
Како што тврди Андреана Чекиќ, многу нејзини колеги кои веќе не се дел од продукцијата го имаат истиот проблем, не добиваат пари од своите песни.

– Многу луѓе не знаат како функционира. Сите мои песни, кои ги снимив додека бев под договор, сите тие пари од Јутјуб одат за Гранд продукција, а не кај мене. И кај мене треба да иде некој дел, но… – рече Андреана Чекиќ, а потоа продолжи:
-Иако сега се на мојот нов канал, Гранд сè уште си кешира. Не е коректно, не ми се случува само мене, многу мои колеги го имаат истиот проблем – изјави таа.

„Ќе мораме да идеме на суд“
Како што понатаму наведува пејачката, се обидела да го реши целиот случај со разговор, но не успеала ништо да постигне.
– Се обидов, но решив дека ќе мора да одиме на суд бидејќи чувствував дека никој не ме сфаќа сериозно. Не затоа што се грижам за парите, добро заработувам. За мене парите се последица, а не приоритет. Но, исто така, не дозволувам никој да мисли дека сум овца. Доста е. Имам право да се борам за тоа, а тоа не е според законот и дознав дека 100 отсто од заработката ја земаат од песни и спотови во кои не вложиле ниту еден динар – вели пејачката во интервју за Хајп.
