Во месецот на матурските прослави, свадбите и мајските веселби, секоја девојка сака да изгледа најубаво и да се чувствува најдобро. Совршената шминка започнува со негувана и сјајна кожа. За да се постигне тој беспрекорен изглед, потребна е соодветна рутина за нега на лице. Мај е најчесто месец што носи мирис на пролет и претставува време кога природата цвета, а со неа и животот добива нова боја. Токму затоа, овој месец е симбол, па не е случајно тоа што тогаш има најмногу матури, свадби, па и први љубови. Секој викенд се претвора во можност за заедништво, смеа и убави спомени што се паметат долго.
Како да се започне со нега? Започнете со темелно чистење на кожата користејќи мицеларна вода од Balea, која нежно ги отстранува нечистотиите и шминката, подготвувајќи ја кожата за следните чекори. Потоа, нанесете серум од Balea VITAMIN C, кој помага во изедначување на тенот и ѝ дава природен сјај на кожата. За хидратација, изберете дневна крема од Balea со SPF 30, која не само што ја хидрира кожата, туку и ја штити од штетните УВ-зраци, зашто навистина е исклучително важно кожата да биде сериозно заштитена.
Свеченостите во мај не се само настани, туку честопати во очите на матурантите блеска надежта, невестите чекорат со срца полни со соништа, пријателите се прегрнуваат под отворено небо додека музиката ја полни душата. Во ова време, луѓето повторно се среќаваат, но и се дотеруваат, создаваат моменти што ги зближуваат. Тоа се вечери исполнети со танцување, разговори до доцна во ноќта и искрени насмевки без особена причина.
За дополнителна нега се препорачува еднаш неделно да се користи и маска за лице Balea што длабински ја храни и ја освежува кожата, подготвувајќи ја за денот на прославата. Ова се производи што се достапни во dm дрогериите низ Македонија, каде што може да се најде сè што е потребно за рутината за нега на лицето.
Во сето тоа, најубаво е чувството дека сè е можно. Мај го носи најдлабокото чувство на припадност. Во овој месец, кога сè цвета, цвета и потребата на човекот да биде со луѓето што ги сака. Без оглед дали се слави нечиј успех, љубов или едноставно се слави животот, мај е потсетник за тоа дека убавината е во заедништвото, во мигот и во сè што сме и што може да станеме.