FashionТрендовиШопинг

Каде да си купите мрежести балетанки, апсолутен хит се – проверивме во нашите продавници

Дали и вие ќе ги додадете овие трендовски обувки во вашата колекција оваа сезона? Еве каде може да ги купите и по која цена.

Advertisement

Модниот свет секоја сезона носи нови трендови, а оваа пролет и лето дефинитивно ќе бидат обележани од еден ултрамодерен, елегантен и удобен моден додаток – мрежестите балетанки.

Овој тренд, инспириран од класичниот балетски стил, но со модерен пресврт, веќе го освојува светот на модата и уличниот стил уште од лансата година. Но годинава, дефинитивно ќе бидат задолжително парче обувки што мора да го имате.

Advertisement
принтскрин Инстаграм

Совршен баланс помеѓу удобност и стил

Мрежестите балетанки се идеален спој на елеганција и удобност. Тие обезбедуваат леснотија и свежина, што ги прави совршени за топлите денови, а истовремено нудат женствен изглед кој одговара на секој аутфит.

Од минималистички модели со неутрални тонови до смели варијанти со украсни детали, овие чевли ќе доминираат во гардеробите на сите трендсетерки.

принтскрин Инстаграм

Како да ги комбинирате?

Без разлика дали сте љубител на романтичен, шик или урбан стил, мрежестите балетанки совршено се вклопуваат во секојдневните модни комбинации:

Advertisement

Со фармерки и кошула – за лежерен, но софистициран изглед.

Со миди или макси фустани – за женственост и елеганција без премногу труд.

Со широки панталони и топ – за трендовски и урбан стил.

Со деловни комбинации – додавајќи суптилна елеганција и удобност во работниот изглед.

Големите модни брендови како Chanel, Miu Miu, Dior и Prada веќе ги вклучија мрежестите балетанки во своите колекции за сезоната пролет/лето 2025. Од класични црни и беж тонови до модели со сатенски врвки, бисерни детали и метални акценти – изборот е богат, а модните инфлуенсерки веќе го носат овој тренд низ светските метрополи.

принтскрин Инстаграм

Каде се достапни кај нас?

Ова се нашите фаворити на мрежести балетански кои се достапни во продавниците во Македонија.

По намалена цена, односно за 2392 денари во „Манго“ се достапни во продажба модели на мрежести балетанки во класична црна и смела црвена нијанса.

фото-принтскрин, Манго
фото-принтскрин, Манго

Преубав шик модел на мрежести балетанки најдовме во колекцијата STEVE MADDEN. Цената им е 7990 денари. Достапни се и во црна нијанса.

фото-Фешн груп, принтскрин

Модел со кој секако ќе останете забележани има во колекцијата на GUESS. Цената е 8990 денари.

фото-Гес, Фешн груп

 

Зошто треба да ги додадете во вашата колекција?

Мрежестите балетанки се повеќе од само естетски привлечни – тие се удобни, лесни, разноврсни и совршени за сите прилики. Без разлика дали сакате да внесете суптилна елеганција во вашата дневна комбинација или да имате совршен пар обувки за вечерни прошетки, ова е тренд кој вреди да го испробате.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button